Дома Топ вести Ништо од трансферот: Нејмар преговара за нов договор со ПСЖ

Ништо од трансферот: Нејмар преговара за нов договор со ПСЖ

0

Ѕвездата на Пари Сент Жермен, Нејмар не размислува за трансфер туку преговара за нов договор со „светците“, открива таткото на Бразилецот.

Нејмар за 222 милиони евра премина од Барселона во ПСЖ во 2017 година и стана најскапиот фудбалер на сите времиња.

Сепак, шпекулациите за неговата иднина не престануваат. Медиумите тврдат дека не е среќен во Париз и дека сака да се врати во Шпанија, па постојано го селат во Барселона и Реал Мадрид.

Сепак, таткото и агент на Нејмар реши да стави крај на сите шпекулации и откри дека се започнати преговори со ПСЖ за продолжување на договорот.


Следете го Sportski.mk и на


„Шансите да си замине од ПСЖ не се многу големи. Тој има уште три години од актуелниот договор, а во последно време водиме преговори со ПСЖ. Водиме преговори за подобрување на договорот и продолжување на соработката“, таткото на Нејмар за бразилските медиуми.

„Луѓето велат дека постојано се шпекулира за Нејмар и негов трансфер во голем клуб. Тоа значи дека луѓето кои се грижат за неговата кариера добро си ја вршат работата, секогаш е на радарот на клубовите кои се важни. Но тоа не значи дека ќе заврши во овој или оној клуб. За него кружат шпекулации уште кога имаше 17 години. Има направено само два трансфери во животот, а десет години се појавуваат гласини“.

„Среќни сме со кариерата на Нејмар до овој момент. Во иднина, други играчи ќе бидат споредувани со него. Како што Пеле инспираше генерации фудбалери како Зико, Ромарио, Роналдињо, Роналдо… Нејмар ќе инспирира други фудбалери“, сигурен е таткото на најскапиот фудбалер на светот.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Герет Бејл го шокира Реал Мадрид

Зинедин Зидан на лето планира да прави голема реконструкција на тимот на Реал Мадрид, па н…