Дома Фудбал Ништо од Милан: Лопетеги се врати во Премиер лигата

Ништо од Милан: Лопетеги се врати во Премиер лигата

Хилиен Лопетеги се поврзуваше со Милан, но на крајот се врати во Премиер лигата, Шпанскиот стратег е промовиран во нов тренер на англиски Вест Хем.

Информацијата за ангажманот на Лопетеги беше потврдена од страна на клубот.

„Со задоволство го најавуваме доаѓањето на Лопетеги. Станува збор за искусен стратег и веруваме ќе ни помогне во наредните сезони. Навивачите се задоволни, а исто и ние“, соопштија од Вест Хем.

Од ангажманот задоволство изрази и самиот Лопетеги.

„Благодарен сум на управата што ме ангажираше. Вест Хем е еден славен клуб со голема историја и неверојатни навивачи. Ќе дадам се од себе за да успееме“, изјави Лоптеги.

Кариерата како тренер Лопетеги ја започна во Рајо, а потоа беше тренер на Порто, Реал Мадрид, Севиља и Вулверхемптон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Повторно заедно по 23 години: Матеус на вечера со хероите на Партизан

Лотар Матеус се сретна со Саша Илиќ, Игор Дуљај и Ивица Илиев во Белград, а спомените од и…