Иако за тоа во претходните денови многу се пишуваше во европските спортски медиуми, се чини дека од враќање на Тиаго Силва во Милан нема да биде ништо.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Силва е во последната година од договорот со ПСЖ и како што сега стојат работите продолжување на соработка нема да има.
Затоа почна да се шпекулира за тоа каде ќе ја продолжи кариерата, а според последните тоа нема да биде поранешниот клуб Милан.
Како што пренесува Калчомеркато, Силва има високи барања кога е во прашање платата, а покрај тоа и поради бројот на годините (35) Росонерите сепак се одлучиле да не го вратат во клубот.
Силва во ПСЖ пристигна во 2012. година токму од Мулан и тоа во пакет со Златан Ибрахимовиќ.