Дома Топ вести НИШТО ОД ВРАЌАЊЕТО: Мурињо е непосакуван во поранешниот клуб!

НИШТО ОД ВРАЌАЊЕТО: Мурињо е непосакуван во поранешниот клуб!

Португалскиот стратег кој во ппретходните две сезони седеше на клупата на Манчестер Јунајтед во овој момент е без работа.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Набрзо по отказот на „Олд Трафорд“ започнаа шпекулациите каде би можел да ја продолжи кариерата.

Како најчеста дестинација во медиумите се споменуваше Реал Мадрид. Некои вести одеа и толку далеку што објавуваа дека Перез веќе спремил понуда од 20 милиони евра за негово враќање.

Сепак, новинарот на „Марка“ која важи за реномиран медиум објави дека Флорентино Перез нема намера да го доведе „Специјалниот“. Според неговите информации Солари во овој момент има целосна доверба од раководството.

Мурињо на клупата на Реал Мадрид помина три сезони и во 178 натпревари забележа 128 победи и 22 порази.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Нешто невидено досега во фудбалот му се случи на Нејмар: Судјата сам го замени среде натпревар!

Денес, Нејмар го одигра веројатно својот последен натпревар во дресот на Сантос. Овој слав…