Дома Фудбал Англија Никој од фудбалскиот свет не го поддржува Сити

Никој од фудбалскиот свет не го поддржува Сити

Манчестер Сити минатата недела доби казна од УЕФА за двегодишна суспензија од европските натпреварувања и казна од 30 милиони евра поради нарушување на Финансискиот фер-плеј.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Актуелниот англиски шампион веднаш упатуи жалба до Арбитражниот спортски суд и сега се чека конечна одлука.

Менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола тврди дека никој од фудбалскиот свет не го поддржал неговиот клуб после казната.

„Дали добивме пораки со поддршка? Не“, кратко одговори Гвардиола.

„Горд сум на тоа како клубот работеше изминатите години и никој не ни помагаше. Меѓутоа, не можеме да го промениме мислењето на луѓето, иако знам колку тешко работевме. Не е готово, вложена е желба, ќе видиме што ќе се случи“, изјави Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Артета пред финалето: Тука сме за да го одземеме трофејот од ПСЖ

Во сабота вечер Арсенал ќе се обиде да го детронизира Пари Сен Жермен и за прв пат во исто…