Дома Фудбал Никој од Реал Мадрид не му даде глас на Роналдо

Никој од Реал Мадрид не му даде глас на Роналдо

Најдобар фудбалер на светот за 2020 година според ФИФА е Роберт Левандовски.

Левандовски убедливо славеше пред Роналдо и Меси во борбата за престижната награда,  а интересно е дека сите тројца како капитени на своите национални тимови имаа право на глас.

Меси не му даде бодови на Кристиано Роналдо, додека Португалецот му даде три бода на големиот ривал.

Интересно е што играчите на Реал Мадрид целосно го игнорираа Роналдо и не му дадоа нуту еден бод.

Серхио Рамос гласал за Левандовски, Алкантара и Нејмар. Лука Модриќ пак гласал за Левандовски, Рамос и Салах. Еден Азар ги одбрал Левандовски, Рамос и Де Брујн.

Герет Бејл исто така го „забиравил“ поранешниот соиграч и гласал за Левандовски, Алкантара и Мане.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мора и Мален ја кренаа Рома: Каљари падна за две минути

Каљари израмни во 81. минута, но Мора и Мален експресно одговорија за победа на Рома од 4:…