Дома Фудбал Англија Никој не можеше да ги запре навивачите на Ливерпул да ја прослават титулата

Никој не можеше да ги запре навивачите на Ливерпул да ја прослават титулата

Ливерпул 30 години чекаше да ја освои лигашката титула и кога дојде време никој не можеше да ги спречи навивачите на овој тим да прослават пред Енфилд.

Иако полицијата ги предупреди навивачите да не се собираат, поради пандемијата со коронавирусот, дел од навивачите на Црвените се собраа пред Енфилд.

Никој не можеше да ги запре во тоа. Имаше тука навивачи од сите возрасти, родителите ги донесоа децата, беа запалени бакли и се славеше шампионската титула.

Полицијата во овој случај беше немоќна. Иако беа најавени казни и апсења, тоа никој не го интересираше. Се надеваме дека оваа прослава ќе помине без голем број заразени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Елмас потпиша за Аталанта и веднаш испрати порака до навивачите! (Видео)

Елиф Елмас и официјално го комплетираше изненадувачкиот трансфер во Аталанта. Македонскиот…