Дома Фудбал Англија Никој како Халанд: Само што продолжи Премиер лигата сруши нов рекорд!

Никој како Халанд: Само што продолжи Премиер лигата сруши нов рекорд!

Норвешкото чудо од дете Ерлинг Халанд синоќа постигна два гола во победата на Манчестер сити против Лидс и така ја продолжи голгетерската серија и урна рекорд стар 23 години.

Халанд на само 14 натпревари оваа сезона стигна до бројката од 20 голови и го урна рекордот на Кевин Филипс на кој за такво нешто му требаа седум меча повеќе и го држеше рекордот од 1999/2000.

Уште неколку легенди стигнаа до 20 голови во една сезона во Премиерлигата, но на нив им требаше повеќе време, а некои од нив се Фернандо Торес, Алан Ширер, Тјери Анри и Хари Кејн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

ФИФА ја олесни казната за Аргентина за инцидентите на финалето на СП

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) донесе одлука која претставува значително олесну…