Дома Фудбал Останато Нигерија преку пенали до финале

Нигерија преку пенали до финале

Фудбалската репрезентација на Нигерија е првиот финалист на Купот на африканските нации откако по изведувањето пенали славеше над селекцијата на Јужна Африка со 5:3.

Нигерија поведе од пенал во 67. минута. Вилијам Трост-Еконг беше сигурен од белата точка за водство од 1:0.

Јужна Африка не се предаде и во 90 минута со гол од пенал на Моноена стигна до 1:1 и се избори за дополнителни 30 минути во кои мрежите мируваа.

Во пенал рулетот Мокоена промаши за Ј. Афика во првата серија, а потоа и Макгопа не успеа да погоди, додека Ајна беше единствениот кој промаши за Нигерија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Струга доведе фудбалер кој во Франција бил дел од гигант!

Струга Трим Лум продолжува да го засилува и денеска го официјализираше трансферот на 19-го…