Дома Фудбал Останато Нивната цена драстично порасна по ЕП, Јамал на прво место

Нивната цена драстично порасна по ЕП, Јамал на прво место

Специјализираната веб-страница Transfermarkt, која се занимава со пазарните вредности на светските фудбалери, ги објави новите цени на фудбалерите после Европското првенство.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Очекувано најголем пораст на цената доживеа хитот на шпанската репрезентација Ламине Јамал. Фудбалерот на Барселона блесна на Европското првенство и преку ноќ неговата цена порасна за цели 30 милиони евра.

Наместо досегашните 90 милиони евра, неговата цена во моментов е 120 милиони евра и тоа е најголем пораст на проценетата пазарна вредност.

На второто и третото место се Турчинот Арда Гулер и Италијанецот Рикардо Калафиори. Двајцата имаа вредност од по 30 милиони, а за време на ЕП цената порасна за 15 милиони и моментално вредат по 45 милиони евра.

Кога станува збор за најскапите фудбалери во светот тоа се Џуд Белингем, Ерлинг Халанд, Винисиус Јуниор и Килијан Мбапе, со вредност од 180 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Гвардиола: Судбината повеќе не е во наши раце

На стадионот Хил Дикинсон, МАНЧЕСТЕР СИТИ и ЕВЕРТОН одиграа нерешено 3:3 во рамки на 35. к…