Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Не чека Украина, затоа не е време за големи разочарувања – ова ЕП и Македонија игра со најдобрите!

Не чека Украина, затоа не е време за големи разочарувања – ова ЕП и Македонија игра со најдобрите!

Стефан Даскалов за Спортски од Букурешт

Австрија не победи, се надевавме на повеќе, посебно после онаа победа со Германија која влеа силна верба кај целата нација, сепак ова беше пораз во кој нашите момци воопшто не разочараа.

Почнавме со една игра на средината во која Австрија не создаваше толку многу прилики, а од првата посериозна за наша несреќа Леинер успеа таа топка од страна да ја смести на другата страна зад грбот на Столе. И по тој гол не паднавме, игравме добро, дојдовме и до изедначување. Почетните минути во второто полувреме накаде до 70 минута беа можеби најдобрите, коментарите на трибините беа: Се плете мрежата, сега е шансата, само да дадеме гол и се ќе биде полесно…Но, во последните моменти дојде веројатно до пад во концентрацијата. Австрија е бундеслигашка репрезентација, лига за која не треба да се трошат зборови, па тоа секако тие знаеа да го искористат.

Од изјавите на селекторот и фудбалерите можеме да заклучиме дека овој пораз не донесе преголемо разочарување и не треба, нормално дека нема и задоволство, меѓутоа важно е да не паднеме психички затоа што имаме два натпревари во кои можеме да ги свртиме работите во своја корист. Ќе биде тешко, но сите кој помалку, кој повеќе веруваме во нешто такво. Не треба да се заборави и дека ова беше првиот натпревар на Македонија на еден голем настан и како за дебитанти одигравме сосема солидно. Кој знае како ќе беше ако влезеше онаа шанса на Николов...

Според она што се може да се прочита во романските медиуми и најпознатиот романски весник „Газета“ Македонија и за нив не е за разочарување. Пишуваат за историјата која ја испиша Пандев, македонските навивачи, а поразот некако е во втор план.

Следи Украина и не треба да се залажуваме дека со оваа репрезентација ќе биде полесно. Шевченко создаде една супер група на играчи која можеби нема некои истакнати големи ѕвезди, меѓутоа тимски се фантастично добро организирани. Исто така тиe се селекција која игра агресивно констатно, го покажаа тоа и вчера со првиот фаворит Холандија кога се вратија од 0:2 до 2:2. На крајот беа поразени, меѓутоа тоа враќање сигурно дека треба да биде добро предупредување за нас.

Како и да е, преголемо разочарување ќе повториме не треба да има, чекавме на пласман на Европско првенство толку долго и сега сме тука – да уживмае и да навиваме, а Пандев, Елиф, Џани, Висар, Стефан, Даре…и сите останати сигурно ќе дадат се од себе да не израдуваат. Момци, дадете се од себе со Украина, па – што биде нека биде!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

18-годишно момче направи сензација во Токио🎥

18-годишниот Тунижанец Ахмед Хафнауи ја креираше една од најголемите пливачки сензации во …