Барселона во наредната сезона ќе има нов тренер бидејќи Чави веќе потврди дека ќе си замине, а додека раководството го избира новиот предводник се размислува и за играчкиот кадар.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Според најавите во Барселона се подготвуваат големи промени и се најавува голема „чистка“. Посебно внимание ќе биде насочено кон продажбата на фудбалери со кои би се подобрила финансиската ситуација.
Каталонскиот „Спорт“ објави дека актуелниот шампион подготвува реконструкција од која ќе заработи околу 200 милиони евра. Веќе се познати и дел од имињата на фудбалерите кои можат да си заминат.
Помеѓу оние кои би требало да заминат се: Рафиња, Серхио Роберто, Маркос Алонсо и Роналд Араухо од кого се очекува најмногу да ја наполни касата. Покрај споменатите имиња би требало да се појави и уште некое.
Како и да е најавите се дека од наредната сезона ќе гледаме прилично изменета Барселона.