Дома Фудбал Не размислува за пензија, Реал спреми нов договор за Модриќ

Не размислува за пензија, Реал спреми нов договор за Модриќ

Иако пред само пет месеци потпиша нов договор со Лука Модриќ, Реал Мадрид уште сега е спремен за ново продолжување на соработката со Хрватот, пренесува „Марка“.

Модриќ има договор до крајот на сезоната, а иако има 36 години, се уште е еден од најдобрите играчи за врска во Европа.

„Кралевите“ не сакаат да се разделат со него, па наскоро ќе почнат преговори за продолжување на договорот на уште една година.

Модриќ  не размислува за пензија и сака да остане на „Сантиаго Бернабеу“ што е можно побрзо, па се очекува двете страни лесно да најдат заеднички јазик околу договорот.

Модриќ ја игра 10-та сезона во дресот на Реал Мадрид, каде до сега освои 16 трофеи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Цековски ја запечати куп-победата на Раче со гол во судиското надополнување

Денис Цековски погоди за конечни 3:1 против Ормож во словенечкиот Куп. Фудбалерот со макед…