Дома Фудбал Не размислува за крај: Славниот Подолски ќе игра и до 40 години!

Не размислува за крај: Славниот Подолски ќе игра и до 40 години!

Ветеранот Лукас Подолски не размислува крај на кариерата и на 38 години потпиша нов договор со тимот на Горник Забже од Полска.

Ако го исполни до крај новиот договор Подоллски ќе игра и до својата 40-та година од животот. Во дресот на полскиот тим игра солидна и 16 пати се запиша во листата на стрелци, а додаде и 13 асистенции. Секако дека во наредните две години оваа бројка може и да се зголеми.

Само сезонава Подолски на 27 натпревари постигна пет гола и подели девет асистенции. Во кариерата славниот фудбалер одигра 130 натпревари за германската репрезентација и го носеше дресот на: Анталијаспор, Кобе, Галатасарај, Интер, Арсенал, Келн и Баерн Минхен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сити повторно падна: Делап со два гола го разбуди Форест!

Нотингем Форест славеше со 3-1 и излезе од зоната за испаѓање, а Манчестер сити го претрпе…