Дома Фудбал Англија Не оди и со Кабаљеро Рудигер се „претвори“ во напаѓач Челзи ремзираше со Лестер (ВИДЕО)

Не оди и со Кабаљеро Рудигер се „претвори“ во напаѓач Челзи ремзираше со Лестер (ВИДЕО)

Со натпреварот помеѓу Челзи и Лестер на „Кинг Пауер“ стадионот отворено беше 25. коло од англиската Премиер лига. На крајото вој натпревар заврши 2:2.

Челзи подобро го отвори натпреварот, но изостануваа сериозни прилики. Лестер од друга страна полека се будеше, па во 26. минута во добра прилика се најде Џејми Варди. Сепак, голгетерот на „Лисиците“ не шутираше најдобро, па оваа прилика пропадна. Во 37. минута Чилвел беше непрецизен. Видовме уште некоја шанса, меѓутоа голови во првиот дел немаше.

На стартот од второто полувреме Маунт нафрли од корнер, Рудигер одлично реагираше и погоди за 0:1. Лестер брзо се врати изедначи преку Барнес. Точно 10 минути подоцна Лестер стигнува до целосен пресврт. Кабаљеро непотребно истрча, одбраната на Челзи изгледаше збунето, Тилеманс му асистираше на Чилвел кој погоди за 2:1. На сличен начин Челзи стигна до изедначување, повторно Маунт нафрли, овој пат од слободен удар, а одново стрелец беше Рудигер.

После овој натпревар Лестер остана трет со 49 бодови, додека Челзи е четврти со осум бодови помалку.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ливерпул не сакал да го доведе Мурињо: Неговото однесување не е за Енфилд!

Жозе Мурињо ја воодушеви Европа кога во 2004 година со Порто ја освои Лигата на шампиони и…