Дома Топ вести Не можеше да поверува дека дојде крајот: Познатиот судија плачеше во неговиот последен натпревар

Не можеше да поверува дека дојде крајот: Познатиот судија плачеше во неговиот последен натпревар

Познатиот шпански судија во солзи го дочека крајот на кариерата.

Во изминатиот ден гледавме емотивни збогувања на големите фудбалски ѕвезди, Фабио Кваљарела, Хоакин и Златан Ибрахимовиќ, но од фудбалот се прости и еден судија, познатиот Антонио Мигел Матео Лахоз.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Правда делеше на фудбалските терени цели 24 години. Негов последен натпревар беше вчерашниот помеѓу Мајорка и Рајо Ваљекано во кој домаќините славеа со 3:0.

Неговото збогување беше прилично емотивно, слично како и на тројцата споменати фудбалери. Лахоз како да не можеше да поверува дека дојде крајот на неговата судиска кариера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Бразилецот кој го сруши ПСЖ направи трансфер во Премиер лигата!

Бразилскиот репрезентативец Игор Жезус премина од Ботафого во Нотингем Форест. Англискиот …