Дома Фудбал Англија „Не ми се верува како Арсенал се откажа од напаѓач од светска класа како Обамејанг“

„Не ми се верува како Арсенал се откажа од напаѓач од светска класа како Обамејанг“

Bчера се играше „Ел Класико“ во кое Реал Мадрид беше понижен со 0:4, а големи заслуги за убедливата победа на Барселона имаше Пјер Емерик Обамејанг кој постигна два гола.

Габонецот од доаѓањето во Барселона постигна девет гола, а новинарот Пирс Морган по натпреварот на Реал Мадрид и Барселона испрати критики до Микел Артета.

„Уште еден одличен натпревар за Обамејанг. Од преселбата во Барселона тој е најубиствениот голгетер во светот, со секој постигнат гол ја прави одлуката на Арсенал да го пушти уште повеќе апсурдна. Работа на тренерот е да менаџира со големите таленти и да го извади најдоброто нив. Уживам во она што го прави Обамејанг во дресот на Барселона, но и сум бесен и не ми се верува како Арсенал толку лесно се откажа од напаѓач од светска класа“, гласи пораката на Морган.

Ќе потсетиме, Обамејанг во Барселона пристигна како слободен играч откако го раскина договорот со Арсенал поради несогласувањата со Артета. Пред да го напушти Арсенал Обамејанг помина и неколку недели надвор од тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Готово: Газдите на Сити го купија и Палермо!

Meдиумите во Италија попладнево пренесуваат дека работата е завршена и газдите на Манчесте…