Дома Трансфер зона Не е се така црно за Калиниќ – Има и добри понуди

Не е се така црно за Калиниќ – Има и добри понуди

Хрватскиот напаѓач, Никола Калиниќ беше избркан од репрезентацијата на Хрватска од Светското првенство.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Селекторот Златко Далиќ му се заблагодари на Калиниќ и го испрати дома, јавуваат медиумите во Хрватска, а причина за тоа е неговото одбивање да влезе во игра пет минути пред крајот со дуелот против Нигерија.

Кога го отпишаа и во Милан, делува дека се е црно за Никола, но има и убави работи. Овој искусен напаѓач има неколку понуди, а меѓу останатото и од Севиља.

Исто така, гигантите од Турција, Бешикташ, Фенербахче и Галатасарај се подготвени да го купат, а добро е познато дека овие тимови имаат расположливи средства и дека нема да им биде проблем да му понудат добра плата.

И покрај тоа, кој знае како сега тие ќе гледаат по новиот прекршок, а и претходно беше поврзуван со многу инциденти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…