
Во последниот период многу се пишува иднината на Нејмар, наводно ПСЖ сака да се откаже од неговите услугите и Бразилецот би можел да бара нов клуб.




Промената на спортскиот директор во Париз значи и промена на стратегијата на тимот, а во таа нова стратегија немало место за Нејмар кој е еден од најплатените во светот. Додека се чека расплетот на целата ситуација Нејмар доби повик од негов сонародник од Премиер лигата.




Жоелитон кој настапува за Њукасл има порака за Нејмар.




„Нормално дека има место за играч како Нејмар. Неј, ако ме слушаш клубот ќе испрати понуда, а јас јавно те канам – дојди те чека „десетката““, порача Бразилецот.