Дома Топ вести Нешто големо се спрема: Барса на тајни преговори со Нејмар

Нешто големо се спрема: Барса на тајни преговори со Нејмар

0

Раководството на Барселона започна преговори за враќање на ѕвездата на ПСЖ, Нејмар на „Камп Ноу“, пренесуваат каталонските медиуми.

Според радио „Каталуња“ на самиот крај на календарската година дел од раководството на Барсеолона имало средба со претставници на најскапиот фудбалер на светот.

На состанокот биле присутни Пини Захави (менаџер) и Алваро Коста (пријател на фудбалерот).

Според каталонските медиуми самиот Нејмар сака да се врати во Барселона и смета дека неговиот избор да се пресели во ПСЖ бил голема грешка.

Бразилецот во летото 2017 година се пресели во Париз за сума од 222 милиони евра и стана најскап фудбалер во светот, но не е среќен во ПСЖ.

Барса сака да ги искористи проблемите кои ги имаат „светците“ со Финансискиот фер-плеј и да го врати Нејмар на „Камп Ноу“.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Интер испратил нова понуда за Лукаку: Ќе биде ли доволна?

Интер денес ја испратил веројатно последната понуда за Ромелу Лукаку, барем ако им верувам…