Дома Фудбал Несторовски објави слика со Де Мајо, Французинот се понуди да игра за Македонија?

Несторовски објави слика со Де Мајо, Французинот се понуди да игра за Македонија?

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски објави фотографија на Инстаграм со својот соиграч Де Мајо која предизвика лавина од коментари.

Најпрво Елиф Елмас под фотографијата напиша „Убавиот и поубавиот“, а потоа следуваше коментар кој ги изненади сите.

Имено, еден фан на Несторовски му предложи на напаѓачот да му даде македонско државјанство на Де Мајо.

„Нестор, може да му дадеме македонско државјанство на Де Мајо“, на што веднаш следуваше одговор од Французинот.

Имено, Де Мајо го предизвика селекторот Игор Ангеловски со зборовите „Спремен сум“.

Останува да видиме како ќе одговори нашиот селектор на оваа симпатична провокација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Селтик падна каде што не загубил 19 години: Фалкирк ја разгоре трката за титулата

Фалкирк го совлада Селтик со 2-0 за прва победа во меѓусебните дуели од 2007 година, а шам…