Дома Топ вести „Нероаѕурите“ повторно сонуваат: Перишиќ јавно го повика Модриќ во Интер (фото)

„Нероаѕурите“ повторно сонуваат: Перишиќ јавно го повика Модриќ во Интер (фото)

0
modric perisic

Хрватскиот репрезентативец и напаѓач на Интер, Иван Перишиќ повторно јавно покажа колку многу сака да заигра со Лука Модриќ во Интер.

На социјалните мрежи се појави фотографија со господин кој има дрес од Интер и потсетува на капитенот на Хрватска. Иван Перишиќ на оваа фотографија стави „лајк“, но го „тагираше“ Модриќ во коментар со цел и тој да ја види објавата.

modric

Перишиќ пред четири дена објави фотографија на која се наоѓа со Врсаљко и Брозовиќ, а во описот додаде прашање: „Кој недостасува?


Следете го Sportski.mk и на


Модриќ ја „лајкна“ оваа фотографија, а на навивачите на италијанскиот клуб ова им беше доволно за повторно да сонуваат за Модриќ.

Денес охрабрувачки беа и зборовите на агентот на Модриќ за „Тутоспорт“. Сепак Интер нема уште многу време трансфер периодот во Италија завршува на 18-ти август.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Регионот во неверување: Ова е како сцена од мафијашки филм – детали од престрелката која ја потресе Србија!

Денес Србија беше потресена од шокантниот настан во кој животот го загуби претседателот на…