Дома Фудбал Останато „Нероаѕурите“ одлични на припремите, Јоветиќ херој против Челзи! (Видео)

„Нероаѕурите“ одлични на припремите, Јоветиќ херој против Челзи! (Видео)

Екипата на Интер прикажува одлични настапи на подготвителните натпревари, сега беше совладан англиски Челзи со 2:1.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Херој во победата на Интер беше Стеван Јоветиќ кој беше стрелец на првиот погодок и асистираше при постигнувањето на вториот.

Иако Конте на терен го испрати можеби најсилниот состав, „сините“ не одиграа доволно убедливо. Единствено Конте не може да смета на повредените Азар, Педро и Бакајоко.

Алваро Мората кој пристигна од Реал Мадрид го започна натпреварот, а во нападот друштво му правеа Батшуаи и Вилијан. Шпанецот играта ја напушти во 65 минута од средбата.

Челзи до почесен погодок стигна во 74 минута од натпреварот кога Кондогбија ја погоди сопствената мрежа.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Арсенал се радува, но Руни вели дека е прерано за големи прослави

По дваесет години, Арсенал конечно обезбеди пласман во финалето на Лигата на шампионите со…