Македонскиот најдобар кошаркар, Ненад Димитријевиќ во овие моменти е во Барселона каде што настапува за Хувентуд.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Нено таму живее заедно со неговата сестра и млада репрезентативка, Марија која исто така е во Шпанија. Таа по прекинот на првенството му се придружи на својот брат во каталонскиот град.
За официјалниот сајт на кошаркарската федерација на Македонија Нено ја опиша ситуацијата во која се наоѓа градот.
„Далеку од тоа дека ситуацијата е добра. Не е добра, се гледа тоа на секој чекор во градот кој за разлика од други денови е скоро па пуст, што е една неверојатна глетка. Она што е сигурно е дека останувам тука. Подобро кажано, морам да останам. тоа е ставот на клупското раководство, и тоа мора да се почитува. Тоа е барем засега“.