Дома Трансфер зона Нема напредок во преговорите за трансферот на Де Јонг

Нема напредок во преговорите за трансферот на Де Јонг

Претставници на Манчестер Јунајтед и Барселона вчера имале нова рунда преговори околу евентуалниот трансфер на Френки де Јонг.

Меѓутоа, овие разговори не довеле до никаков напредок, бидејќи двата клуба не можат да се договорат за трансферната сума.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Новинарот Фабицио Романо информира дека Каталонците бараат најмалку 86 милиони евра за Холанѓанецот, притоа инсистираат да се плати целата сума одеднаш. Причината за тоа е што поради финансиските ограничувања, Барселона може да инвестира во тимот само една третина од она што ќе го добие од продажба на играчите.

Манчестер Јунајтед во моментов е спремен да плати 70 милио евра плус 5 милиони како бонуси, па се уште нема напредок во преговорите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ништо од трансфер во Вест Хем, Мазрауи се сели на „Олд Трафорд“

Трансферот на Нусаир Мазрауи од Баерн Минхен во Вест Хем е на работ да пропадне, откако во…