Дома Фудбал Останато Нема крај на проблемите: Нејмар нема да биде спремен ниту за новата сезона

Нема крај на проблемите: Нејмар нема да биде спремен ниту за новата сезона

Бразилскиот фудбалер Нејмар нема да биде подготвен за стартот на новата сезона со Ал Хилал, изјави тренерот на новиот шампион на Саудиска Арабија, Жорж Жесус.

„Се што знам во моментов е дека времето потребно за опоравување на Нејмар и воопшто за ваков тип на повреди е од 10 до 11 месеци. Ако пресметаме, Нејмар нема да биде подготвен за претсезонските подготовки“, изјави Португалецот. експерт.


Германија гази и најавува битка за титула! ↓↓↓


Ал Хилал минатата недела ја обезбеди четвртата титула во последните пет години.

Нејмар во ноември беше опериран во Бразил поради скинати вкрстени лигаменти и менискус на левото колено, откако се повреди на 17 октомври на квалификацискиот натпревар на Бразил против Уругвај за СП 2026 година.

Овој 32-годишен фудбалер во 2023 година се пресели од Пари Сен Жермен во Ал Хилал каде, според медиумите, заработува околу 100 милиони евра по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Погба е скршен: Мртов сум, не постојам! 🎥

Славниот Пол Погба ја шокираше јавноста со своето излагање пред ТВ камерите. Францускиот г…