Дома Трансфер зона Нема договор: Васкез го напушта Реал

Нема договор: Васкез го напушта Реал

Лукас Васкез и Реал Мадрид се далеку од договор за продолжување на сораборката, пренесуваат шпанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Актуелниот договор на 29-годишниот фудбалер истекува на крајот на сезоната, а неговите услови не се прифатливи за Реал Мадрид.

Васкез бара договор на три години и зголемување на платата за 15%, пренесува „Марка“.

Од друга страна Реал му нуди договор на три години, но со значително намалување на платата, па двете страни не се ни блиску до договор.

Шпанецот има понуди од два англиски клуба и еден клуб од Серија А, па најверојатно ќе ја промени средината на лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…