Дома Фудбал Немаше услови за игра: Одложен натпревар во Серија А

Немаше услови за игра: Одложен натпревар во Серија А

Последниот неделен натпревар од 13. коло во италијанската Серија А помеѓу Лече и Каљари е одложен пореди невреме.

Силен дожд го погоди градот Лече. Теренот на стадионот беше целосно потопен и немаше никакви шанси натпреварот да се одигра.

Немаше друга опција од таа натпреварот да биде одложен. Фудбалскиот сојуз на Италија наскоро ќе ја соопшти одлуката кога овој натпревар ќе биде одигран, а голема е можноста тоа да биде утре.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кек ги олади шпекулациите: Македонската клупа засега не е тема на разговор

Матјаж Кек вели дека не добил повик за преземање на Македонија. Тренерот на Ријека останув…