Дома Фудбал Нели се е лага: Мурињо го отстрани Погба од списокот

Нели се е лага: Мурињо го отстрани Погба од списокот

Продолжуваат гласините на Островот за проблемите помеѓу Мурињо и Пол Погба во редовите на Манчестер Јунајтед.

Ова произлегува откако е познат списокот на Мурињо за мечот против Хадершфилд во рамки на ФА Купот, во кој го нема името на Французинот.

Пред неколку дена „Специјалниот“ ги демантираше сите гласини околу проблемите со францускиот интернационалец, но сега на списокот го нема, а како што велат од клубот Погба ќе отсуствува поради болест. Како што се наведува на негово место се очекува да настапи Итан Хамилтон.

Инаку за Хамилтон ова ќе биде деби натпревар во дресот на „Црвените ѓаволи“, а својата шанса ќе ја чека од клупата заедно со Тит Чонг и Анхел Гомеш.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ескас пак ќе им суди на Италија и Белгија: Во Рим покажа црвен по ВАР-преглед

Норвежанецот Еспен Ескас е делегиран за дуелот во Брисел, каде на Италија ѝ е доволен бод …