Дома Останати Тенис Неколку промени во ТОП 10: Надал повторно број еден, Ѓоковиќ со нов пад

Неколку промени во ТОП 10: Надал повторно број еден, Ѓоковиќ со нов пад

Рафаел Надал се врати на првото место на АТП листата, а на второто повторно е Роџер Федерер.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На последната АТП листа имаше неколку промени во Топ 10.

Надал после освоената титула во Рим повторно дојде до првата позиција, Федерер е втор, трет е Александар Зверев, додека на четвртото место се искачи Марин Чилиќ.

Григор Димитров падна на петата позиција, следат Хуан Мартин Дел Петро и Кевин Андерсон, па Доминик Тим, Џон Иснер и Давид Гофан си ги заменија позициите и Белгиецот сега е девети тенисер во светот.

Новак Ѓоковиќ кој на турнирот во Рим настапот го заврши во полуфиналето каде што беше поразен од Надал падна на 22 место.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ивановски го победи Орлов и го освои турнирот во Скопје!

Македонскиот тенисер Калин Ивановски продолжува со одличните настапи и ја потврди добрата …