Дома Фудбал Некогаш беше херој: Германците удрија по Ноер – и самиот не памети кога бранел полошо!

Некогаш беше херој: Германците удрија по Ноер – и самиот не памети кога бранел полошо!

Германскиот чувар на мрежата Мануел Ноер не минува низ најдобар период во редовите на Баерн Минхен.

Зад себе има неколку повреди, кои веројатно и поради годините (38) се одразија и на неговата форма.

Сепак, во поразот од Барселона, еден факт е особено нетипичен – Каталонците упатија четири удари кон голот и сите четворица завршија во мрежата. Во превод, Ноер немаше ниту една одбрана.

Критики за Ноер по натпреварот испрати и легендарниот Лотар Матеус.

„Не сакам да изгледа дека сум премногу строг кон Мануел, но тој повеќе не е поддршка на тимот како што беше. Ноер повеќе не е Ноер, неговиот начин на бранење сега е сосема поинаков и тоа јасно се гледа. Исто така тука е процентот на одбрани во Бундеслигата кој му е само 40%. Се надевам наскоро ќе се врати во старата форма бидејќи досега покажа колку е несигурен“, изјави Матеус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Меси не забавува ни на 39: Со мајсторија донесе пресврт и второ место за Интер Мајами

Аргентинецот асистираше, па погоди во 83. минута за победа од 2:1 кај Њу Ингланд. Сезонава…