Дома Фудбал Англија Некогашниот дефанзивец на Арсенал отворено праша: Зошто Венгер ги толерира „фрустрациите“ на Озил?

Некогашниот дефанзивец на Арсенал отворено праша: Зошто Венгер ги толерира „фрустрациите“ на Озил?

Мартин Кион се прашува од каде Месјут Озил има толкави кредити кај „Професорот“ и на кој начин ги стекнал.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Прочитав дека оддеднаш повторно се повредил. Против ВБА во понеделникот играше само девет минути. Како успеа да се повреди, не забележав да добие удар. Мене ми се чини дека тој прави што сака. Не разбирам зошто Венгер тоа го толерира. Изминатата недела не отпатува со екипата во Белорусија, веројатно под честа му е да игра таму“, брутално посочи некогашниот дефанзивец на Арсенал.

Озил во досегашниот тек од сезоната играше на пет натпревари за „Топчиите“ во Премиер лигата, мина на теренот вкупно 367 минути, уште не се запишал во листата на стрелците, ниту забележал асистенција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Фаворитот Шпанија се посрамоти против Зеленортските Острови

Првото големо изненадување на Светското првенство 2026 е факт! Европскиот шампион Шпанија,…