Дома Македонски спорт Недев и Саздова златни на ЕП во карате!

Недев и Саздова златни на ЕП во карате!

Најдобриот македонски каратист Дејан Недев освои историско злато и првпат стана шампион на Европа во дисциплината кати поединечно за сениори на шампионатот на кој Мила Саздова во кадетска конкуренција освои златен медал.

Дејан Недев го освои златото во дисциплината кати поединецно за сениори, во која второто место му припадна на претставникот на Австрија, а третото на натпреварувачот од Португалија.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Инаку ова за Недев е второ злато од официјалните Европски првенства, тој првиот златен медал го освои во 2011 година во кумите-борба на Европскиот шампионат во Eрусалем Израел.

Во кадетска конкуренција, пак, Мила Саздова го освои својот прв златен медал за официјалните Европски првенства. Второ место ѝ припадна на репрезентативката на Словенија а третото место на преставничката на Србија.

Во тек се финалните напревари на 32-то Европско првенство во традиционално карате во Крањска гора, Слвоенија, а во дисциплината кати екипно македонскиот јуниорски тим е во финале и ќе се бори на некој од медалите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Каменуван автобусот на „Чкембари“ – има и повредени! 🎥

По денешниот натпревар помеѓу Пелистер и МЗТ Скопје дошло до инцидент во кој бил каменуван…