Дома Фудбал Невил: Арнолд е како Џерард, Бекам и Де Брујн во едно

Невил: Арнолд е како Џерард, Бекам и Де Брујн во едно

Дефанзивецот на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд доби по малку и неверојатни пофалби, некои би кажеле и неочекувани.

Гери Невил истакна дека не видел таков играч претходно.

„Александер-Арнолд е апсолутен феномен кога ќе се погледне неговиот пас и неговата испорака на топките. До сега не сум видел таков играч. Тој е како Бекам, Де Брујн и Џерард, а сите тие се офанзивни играчи. Игра на десе бек. Мислам дека така најдобро можам да го опишам“.

Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед го пофали и Енди Робертсон за кој истакна дека заедно со Арнолд го прават најдобриот бековски тандем во историјата на Премиер лигата.

„За нив зборувајте во ист дух како вероајтно и најдобрите бекови кои сум ги видел, Роберто Карлос и Кафу. Тие беа посебни, но овие двајца…Мислам дека не сум видел претходно таков бековски пар во Премиер лигата“, порача поранешниот дефанзивец.

Арнолд има само 23 години и е на вистински пат да стане легенда на „Енфилд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Италија чека голови од новиот бран: Еспозито и Сисе будат надеж

Пио Еспозито веќе има десет гола за репрезентацијата, а Алфаџо Сисе силната сезона ја крун…