Дома Фудбал Англија Неверојатно достигнување: Гвардиола стана рекордер во Премиер лигата

Неверојатно достигнување: Гвардиола стана рекордер во Премиер лигата

Фудбалерите на Манчестер Сити ја забележаа 20-та последователна победа откако попладнево го совладаа Вест Хем со 2:1.

„Граѓаните“ се во серија од 27 натпревари без пораз во сите натпреварувања, и само еден меч ги дели од рекордот на клубот што го постигнаа од април до декември 2017 година.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Воедно Гвардиола денес ја запиша 200-та победа на клупата на тимот од „Етихад“ и тоа од 273 натпревари.

Никогаш порано менаџер кој водел клубови во англиската Премиер лига не достигнал толку многу победи пред него. До денес, тој рекорд го држеше Жозе Мурињо, кој стигна до 200-та победа во 309 дуели кормилото на Челзи.

Патем, тоа беше и вкупно 500 победа на Гвардиола на клупите на клубовите од најсилните лиги. Пред да дојде во Сити, тој запиша 179 победи со Барселона и 121 победа со Баерн Минхен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Перез чукна на вратата на Арсенал, од Лондон му порачаа: „150 милиони евра и можеш да го имаш“

Реал Мадрид наводно е заинтересиран за еден од најдобрите средни играчи во светот, Деклан …