Дома Топ вести Неапол на нозе: Пристигна Кутињо!

Неапол на нозе: Пристигна Кутињо!

Италијанските медиуми пренесуваат дека Филипе Кутињо денес пристигнал во Неапол и бил виден заедно со својот сонародник Алан.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Кутињо се опоравува од повредата и ќе ја доигра сезоната во Баерн Минхен, но нема да биде откупен од страна на Баваците.

Слободните денови ги искористи да дојде во посета на Неапол кај својот сонародник и пријател Алан.

Медиумите веднаш почнаа да шпекулираат дека Кутињо може од следната сезона да игра во Наполи, бидејќи Барса е спремна да му понуди трампа на италијанскиот клуб.

Имено, Барселона сака што поскоро да се ослободи од Кутињо, па му нуди на Наполи трампа, така што за возврат да го добие потписот на Фабиан Руиз.

Шпанецот веќе подолго време е трансфер цел на Каталонците, па останува да видиме како ќе реагира Наполи на ваквата понуда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…