Дома Фудбал На Санчо му забраниле да зборува

На Санчо му забраниле да зборува

Младата ѕвезда на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо добил забрана од раководството на клубот да разговара за медиумите, откри самиот играч после мечот со Барселона синоќа.

Санчо на синоќешниот натпревар беше оставен на клупата за резерви и влезе во игра во второто полувреме, притоа го постигна единствениот гол за „милионерите“.

После мечот Санчо беше најбараниот фудбалер за разговор со медиумите, но тој на нивинарите им откри дека му е забрането да зборува.

После мечот тренерот на Борусија, Лусиен Фавр откри дека Санчо останал на клупата за резерви затоа што небил сконцентриран доволно.

Целата оваа ситуација засилено ги засилува шпекулациите за иднината на играчот, кој е на мета на најголемите англиски клубови, како и на Реал Мадрид и Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Зидан: Би сакал да го водам Јувентус, на Липи му должам сè

Зинедин Зидан не ја крие желбата еден ден да седне на клупата на Јувентус, а пред дуелот с…