Дома Фудбал Англија На Островот убедени – еден од овие петмина ќе го наследи Венгер

На Островот убедени – еден од овие петмина ќе го наследи Венгер

Се погласни се шпекулациите дека Арсен Венгер го напушта Арсенал на крајот од сезоната.

Букмејкерите на Островот се убедени дека еден од овие петмина ќе го наследи Венгер на клупата на „топчиите“.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Арсен Венгер полека ја губи довербата на навивачите и многумина сметаат дека ова е негова последна сезона во Арсенал, па поради тоа обложувалниците направија листа според која тешко дека може да се појави некое друго име.

Најмал коефициент, а воедно и прв кандидат е Тиери Анри легендата на Арсенал, меѓутоа Французинот нема многу искуство во тренерската работа.

Веднаш зад него е Карло Анчелоти, но не е познато дали Анчелоти има желба да седне на клупата на „топчиите“. Третиот и можеби најпосакуван кандидат е Диего Симеоне. Аргентинецот направи се што можеше во Атлетико, освои титулата, два пати играше финале во Лигата на шампионите и сега би можел да се прости со трофеј во Лигата на Европа.

На крајот најмали шанси им се даваат на Јоаким Лев и Роберто Мартинез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Романо го потврди следниот клуб на Мбапе: Повеќе нема дилеми

Фабрицио Романо денеска потврди дека Килијан Мбапе (25) од ПСЖ летово ќе премине во Реал М…