Медиумите на Островот се готово сигурни дека во летниот преоден рок Манчестер Јунајтед ќе се засили со ѕвездата на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Манчестер Јунајтед најпрво ќе се обиде да постигне договор со Атлетико Мадрид, но доколку не успее во тоа тогаш е спремен да ја активира откупната клаузула која изнесува 100 милиони евра.
Гризман е најголемата желба на тренерот на „црвените ѓаволи“ Жозе Мурињо, а клубот е спремен да му ја исполни таа желба.
Наводно раководството на Јунајтед веќе стапило во контакт со агентот на Французинот и Гризман нема против следното лето да се пресели на Островот.