Фудбалерот на Ливерпул Мохамед Салах најави заминување од клубот по крајот на сезоната.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Причината е едноставна – никој не му пристапил со предлог за нов договор, а актуелниот му истекува на крајот од сезоната.
Изјавата на Салах во која зборуваше дека можеби ја игра својата последна сезона во Ливерпул ги загрижи навивачите, меѓутоа можеби беше и аларм за луѓето во раководството.
Сепак, според информации од Англија, постојат индиции дека преговорите ќе започнат во наредните недели. Салах би бил прв на листата, но би требало да се започнат и преговори со Ван Дајк и Трент Александар Арнолд.
Засега не е познато какви услови Ливерпул ќе им понуди.