Дома Топ вести На Лапорта му „гори под нозе“: Ла Лига почнува за една недела, Барса уште не може да регистрира играчи

На Лапорта му „гори под нозе“: Ла Лига почнува за една недела, Барса уште не може да регистрира играчи

Иако во Барселона имаа поинакво мислење сепак, Ла Лига им даде негативен одговор за регистрацијата на новите играчи, а на клубот му се брза затоа што сезоната започнува за само една недела.

Барселона продаде 25% од ТВ правата и остварија добивка од околу 660 милиони евра, потоа беа продадени и 24.5% од „Барса Студиос“ за нови 100 милиони евбра. Тогаш Жоан Лапорта на претставувањето на Кунде изјави дека се е завршено и Барса ќе може да ги регистрира.

Сепак ден подоцна од Ла Лига стигна одогвор дека тие 760 милиони евра на Барселона не е и се доволно. Така сега на раководството му се брза и ќе мора да се продава нов имот за да се регистрираат играчи.

Медиумите во Шпанија пренесуваат дека се преговара со фондот ГДА Лума за продажба на нови 24.5% од „Барса Студиосз“, таа зделка би требало да им донесе 100 милиони евра. Засега не е познато дали сигурно оваа трансакција ќе биде доволна Ла Лига да даде зелено светло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Икарди поради Ванда не може да најде нов клуб?

Mауро Икарди нема баш некое лето кое ќе го памети. Аргентинскиот репрезентативец е „вишок“…