Дома Фудбал Останато На докторот и сестрата кои се грижеле за Марадона им се заканува затворска казна

На докторот и сестрата кои се грижеле за Марадона им се заканува затворска казна

Легендарниот Диего Армандо Марадона почина минатата година и тоа го потресе целиот фудбалски свет.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


По неговата смрт беше отворена истрага за расветлување на случајот, а сега се објавени и нови детали според кои докторите би можеле да добијат затворска казна.

Резултатот од дополнителниот извештај за смртта на Марадона ќе се достави до аргентинското обвинителство, а медиумите во Аргентина пишуваат дека личниот доктор на Марадона Леополдо Луке и медицинската сестра Агустина Косачев направиле голема грешка.

Извештајот покажал дека Марадона починал од срце и хронични проблеми кои ги има лсо бубрезите и црниот дроб. Како што се наведува докторите не посветиле доволно внимание во текот на рехабилитацијата и тоа предизвикало смрт кај легендарниот фудбалер.

Низ медиумите се шпекулира дека за таквиот однос двајцата би можеле да бидат обвинети како за уб*ство и им се заканува затворска казна од 8 до 25 години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Французите ја растурија Шведска, Мбапе посакува да го испрати Меси во историја (Видео)

Фудбалската репрезентација на Франција лесно го победи Шведска во осминафиналето на Светск…