Дома Фудбал На денешен ден „стариот“ Роналдо го натера „Олд Трафорд“ да му се поклони (ВИДЕО)

На денешен ден „стариот“ Роналдо го натера „Олд Трафорд“ да му се поклони (ВИДЕО)

На 23-ти април 2003 година „Олд Трафорд“ ја гледаше една од најдобрите претстави на некој фудбалери.

Навивачите на Манчестер Јунајтед на денешен ден беа воодушевени од мајсториите на Бразилецот Роналдо и одлучија да го наградат со оваци.

Роналдо тогаш во Манчестер стигна со Реал на реванш во четвртфиналето од Лигата на шампионите каде што „кралевите“ одбранија предност од 3:2 во првиот натпревар. Со хет-трик за помалку од еден час Роналдо ги згасна надежите на Јунајтед дека може да помине во следната фаза.

Еден од најдобрите напаѓачи голеадата ја отвори во 12-тата минута со фантастичен удар од десната страна. Вториот гол го постигна после прекрасна акција и проигрување од Роберто Карлос, а третиот со бомба од повеќе од 25 метри и никого на стадионот не остави рамнодушен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мореира го разби Интер: Милан со три гола до четврта победа во низа во дербито!

Диего Мореира со гол и две асистенции го предводеше Милан до победа од 3-1 над Интер, кој …