Дома Фудбал Лига на шампиони На денешен ден пред 12 години беше постигнат најбрзиот гол во Лигата на шампионите (ВИДЕО)

На денешен ден пред 12 години беше постигнат најбрзиот гол во Лигата на шампионите (ВИДЕО)

Најбрзиот гол во Лигата на шампионите е постигнат на денешен ден пред 12 години.

Тој 7-ми март во 2007 година играа Баерн Минхен и Реал Мадрид, а Рој Макај беше стрелец после само 10 секунди и 12 стотинки игра.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Само што Реал тргна од центарот Роберто Карлос направи грешка, а Хасан Салихамиџиќ го пронајде холандскиот напаѓач кој го совлада Касиљас и постави рекорд кој се уште не е срушен, а големо е прашањето уште колку време ќе помине додека некој не постигне побрз гол од Макај.

Баерн во тој натпревар победи со 2:1 и се пласираше во четвртфиналето од Лигата на шампионите ,а подоцна испадна Милан кој потоа стана европски шампион.

Макај во Лигата на шампионите постигна 29 голови на 61 натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Дамфрис во Интер до 2028 година

Холандскиот репрезентативец Дензел Дамфрис го продолжи договорот со Интер до јуни 2028 год…