Кошаркарите на Бразил приредија големо изненадување во второто коло на СП.
Бразил успеа да ја победи Грција за која игра МВП-то за минатата сезона во НБА Јанис Антетокумпо. Бразилците со победата од 79:78 си го обезбедија пласманот во следниот круг.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во првото коло Бразил го победи Нов Зеланд кој за продолжување на животот на СП треба да направи чудо против Грција во третото коло.
Бразил и Грција одиграа возбудлив натпревар кој на крајот се решаваше во последните секунди. Грците подобро го отворија натпреварот. После првата четвртина имаа 19:15, а на полувреме се замина со предност за Грција од 42:30. Грција имаше и +12 и ретко кој очекуваше дека Бразил може да се врати.
Сепак Бразил одигра совршена трета четвртина и да ја добие со +13.
Во последната четвртина гледавме вистинска драма.
Бразил на само 48 секунди до крајот имаше пет поени предност (76:71), но тогаш Рафа Луиз направи намерен прекршок и Грците добија две слободни фрлања и Принтезис погоди тројка.
Варејао на 14 секунди пред крајот погоди за 78:76 за на четири секунди пред крајот Барбоса да искористи само едно од двете слободни фрлања за плус три. Лузада на две секунди до крајот прави прекршок над Слоукас кој ги погодува првите две од трите слободни фрлања.
Варејао постигна 22 поени, Соуса додаде 15 за Бразил. Кај Грција Принтезис уфрли 20, Калтнерс 16 и Јанис 13.