Дома Фудбал Најскапиот „топџија“ призна: Невозоможно е да го стигнеме Сити, но наша цел е Лигата на шампиони

Најскапиот „топџија“ призна: Невозоможно е да го стигнеме Сити, но наша цел е Лигата на шампиони

Сеуште не е ниту завршен првиот дел од сезоната, а Манчестер Сити практично веќе го слави трофејот во Премиер лигата, а конкурентите како полека да се откажуваат.

Ова го призна и напаѓачот на Арсенал, Алескандар Лаказет. Манчестер Сити во овој момент има 17 бодови повеќе од Арсенал.

„Од оваа гледна точка, ќе биде навистина тешко да ја освоиме титулата. Потребно е да се случи чудо. Сити мора да изгуби многу натпревари, а знаеме каков е нивниот учинок до овој момент. Сепак, кога доаѓав во Арсенал, целта беше да се пласираме во Лигата на шампионите“, изјави францускиот напаѓач.

Иначе Лаказет е најскапиот фудбалер во историјата на Арсенал (53 милиони евра), до овој момент тој постигна осум погодоци на 16 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сити двапати се враќаше, па на пенали го скрши Брајтон!

Рајан Шерки и Џеронимо Рули беа клучни за пласманот на Манчестер сити во четвртфиналето на…