Дома Фудбал Најбогатиот човек во Африка: Го купувам Арсенал…

Најбогатиот човек во Африка: Го купувам Арсенал…

Најбогатиот човек во Африка, Нигериецот Алико Дангот, планира да го купи Арсенал.

Дангот е голем обожавател на лондонскиот клуб и јавно истакна дека во 2021. година планира да ги купи Топџиите.

“Јас би сакал да го купам Арсенал, но во моментов имам проекти од 20 милијарди американски долари на кои треба да се концентрирам. Се обидувам да ги завршам, но веројатно би можел во 2021. да влезам во преговори со Арсенал”, рече Дангот и додаде:

“Ќе го купам Арсенал веднаш штом ќе ги завршам овие проекти. Во моментов се обидувам да ја подигнам компанијата на повисоко ниво”.

Богатството на овој Нигериец се проценува на повеќе од 10 милијарди долари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тага во хрватскиот фудбал: Почина 23-годишниот Ковачевиќ, ден претходно беше на терен

Ариан Ковачевиќ настапи во победата на Раднички од 4:0 против Белје, а следниот ден клубот…