Дома Фудбал Останато Најбарниот играч на Спортинг би го земал Ристовски со себе кај и да оди!

Најбарниот играч на Спортинг би го земал Ристовски со себе кај и да оди!

Бруно Фернандеш од Спортинг во текот на летото се поврзуваше со големи европски клубови, најмногу со Манчестер Јунајтед, меѓутоа на крајот тој остана во португалскиот тим.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Интересот за Фернандеш веројатно нема да се намали, па останува да видиме дали во јануари може да ја промени средината. Фернандеш според последната изјава за португалските медиуми очигледно е во супер однос со македонскиот репрезентативец, Стефан Ристовски.

Најбараниот играч на Спортинг на прашањето кој играч би го земал со себе во новиот клуб, без дилеми одговори Ристовски.

„Кога би требало да земам некој играч со мене во новиот клуб тогаш без никаква дилема тоа ќе биде Ристовски. Во соблекувалната носи неверојатна радост и уживање, поради него сум во супер расположение“, изјави Фернандеш.

Неодамна Португалците најавија дека Спортинг ќе го продолжи договорот со Ристовски и ќе му даде покачување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Хрватска и Португалија ќе играат во пеколни услови, дербито под закана и на одложување!

Фудбалските репрезентации на Хрватска и Португалија ќе се соочат во шеснаесетфиналето на С…