Дома Македонски спорт Мак фудбал Натпреварите на Македонија во квалификациите за ЕП со пренос на МТВ!

Натпреварите на Македонија во квалификациите за ЕП со пренос на МТВ!

Македонија наскоро ги започнува квалификавиите за Европското првенство 2024 година, а првиот противник ќе ни биде Малта на 23-ти март.

Денска од националниот сервис потврдија дека натпреварите на Македонија во овие квалификации ќе се емитуваат на МТВ, па ова секако е добра вест за љубителите на фудбалот во нашата држава.

Покрај Малта, во нашата група се уште Англија, Италија и Украина, па така патот до пласман на на уште едно ЕП преку квалификациите ќе биде и тоа како тежок.

Ќе потсетиме до крајот на месецот, покрај дуелот со Малта, Македонија четири дена подоцна во Скопје ќе го искористи слободниот термин во репрезентативната пауза за контролен натпревар со Фарски Острови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Сениорските минути во Работнички се следниот тест за Марко Стефановски

Деветнаесетгодишниот офанзивец го гради својот пат во првиот тим на Работнички, со младинс…