Дома Фудбал Италија Наполи тргнува по Нагелсман

Наполи тргнува по Нагелсман

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис е во потрага по нов тренер и остварил контакт со Јулијан Нагелсман, пренесуваат италијанските медиуми.

„Скај Италија“ пренесе дека Наполи се откажал од Луис Енрике бидејќи е прескап и дека се насочува кон Серџо Консеисао.

Меѓутоа, пред да влезат преговорите со Португалецот во напредна фаза Де Лаурентис го контактирал Нагелсман.

Нагелсман е слободен, откако претходно оваа пролет доби отказ од Баерн Минхен.

Пред извесно време се водеа разговори меѓу Нагелсман и челниците на Наполи, но тоа беше само информативно, а сега наводно италијанскиот клуб е спремен да испрати конкуретна понуда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Нов проблем за Челси: Рис Џејмс е опериран, го чека подолга пауза

Капитенот на Челси, Рис Џејмс, успешно го оперираше коленото по повреда заработена на трен…